Готово е: Елиф Елмас со “6-ка” на дресот на Лајпциг

16121

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе ги договорил условите за трансфер во РБ Лајпциг. Откако се појави информацијата дека Наполи прифатил преговори со Бундеслигашот, вечерва од наши извори стигнува и информација дека се е готово.

Елмас во новиот клуб ќе игра во дресот со бр. 6 и ќе направи рекорден трансфер за еден наш фудбалер. Висината на трансферот ќе биде 25 милиони евра, сума која веќе е ставена на маса и која Наполи ќе ја прифати за Елмас во јануари.

Германските медиуми споменуваат дека нашиот репрезентативец доаѓа кај „биковите“ како замена за легендарниот Форсберг, а ќе биде трениран од поранешниот соиграч на Николче Новески во Мајнц, Марко Розе.

ПретходноНаполи прифати преговори за Елмас: Лајпциг стави на маса 25 милиони евра!
СледноРеал се „прошета“ во Белград, убедлива победа над Ц. Звезда