Еве зошто Џирона може да биде шампион во Ла Лига!

4909
ФОТО: FC Girona/Twitter

Се разбира дека статистиката во фудбалот не е исто како во кошарката. Традицијата можеби, но сепак ништо и таа не решава.

Сепак некој пресметал дека Џирона може да биде шампион во Ла Лига и тоа пред такви гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид во една од најсилните лиги во Европа.

Имено Џирона после 17 коло има 44 бодови, и само еднаш од четирите случаи не се случило клуб кој има толку бодови после 17 одиграни мечеви да не биде шампион.

Тоа било случај со Реал Мадрид во таа 2010/11 сезона. Преостанатите случаи кога еден тим имал 44 бода по 17 кола, на крајот тој тим бил првак на Шпанија и тоа како Барселона во 2008/09, Атлетико Мадрид во 2020/21 и Барселона во 2022/23.

Да, чудата се случуваат во фудбалот, не така често, ама се случуваат.

Дали оваа бајка шмекерите од Џирона ќе ја завршат со титула, ќе видиме во мај.

А дотогаш тие нека уживаат во успесите, во победите, а фудбалските фанови нека уживаат во тимот кој што го игра најспектакуларниот фудбал во светот.

ПретходноМанчестер Јунајтед го спрема најголемиот трансфер во историјата на клубот?!
Следно“Кориере дело спорт“: Лајпциг со 25 милиони евра тргнува по Елмас!