И Енрике си призна: Мбапе прави што сака, ни тренерот не смее да му “писне“!

2630

Килијан Мбапе и дефинитивно е газда во ПСЖ, барем во тимот, во соблекувалната. Веројатно најдобриот фудбалер во моментов во светот, едноставно прави што сака, игра колку сака, на која позиција сака. Не смее никој да му “писне“, дури ни тренерот Луис Енрике, да не говориме за неговите соиграчи.

Ова го призна и самиот стратег Луис Енрике:

Килијан игра на позиција на која сака. Има целосна слобода да прави што сака на теренот. Нас ни останува само да ги пополниме останатите празнини и ако можеме да ги балансираме позициите на останатиот дел од тимот“ посочи стратегот на “светците“.

Инаку Мбапе во тековната сезона за “светците“ одиграл 21 меч и постигнал 19 голови.

ПретходноЛука одличен, ама Јокиќ се радуваше на победата, Денвер го декласира Далас! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ VS Дончиќ: На теренот беше жестоко, а по мечот како да се браќа! (ВИДЕО)