По Пелистер и екипата на ТФТ запиша пораз во шестото коло од АБА 2 лигата. Денеска подобар од нашиот прволигаш беше црногорскиот преставник, екипата на Сутјеска.
Црногорците на крајот славеа со 74:60, во меч во кој најизедначен дел беше оној првиот. Воведните 10 минути завршија нерешено 17:17, а од тој момент па до крајот на мечот, Стутјеска го имаше главниот збор.
Во вториот период за десет минути, избраниците на тренерот Боро Смилковски реализираа само седум поени. Противникот даде 20, за сосема солидна, двоцифрена предност на полувремето (37:24).
Ниту оние петнаесетина минути за одмор, не им беа доволни на кошаркарите од Тафталиџе да се соземат, и да се обидат да дојдат до шанса за евентуален „камбек“. Беа далеку од тоа, затоа што во текот на последната четвртина влегоа и во негатива и од 24.поени (48:72), каков што беше резултатот во 35. минута.
На крајот, Верц беше реализатор на 19 поени (имаше и 8 скока и 5 асистенции), 12 имаше младиот Крстевски (реализираше три тројки во последната четвртина), а двоен број на поени – 11, запиша и Ифеје.