Како што утринава пишува угледниот италијански спортски весник “Кориере дело спорт“, Лајпциг со 25 милиони евра има намера уште во овој зимски преоден рок да го ангажира нашиот Дијамант Елиф Елмас.
Ова е вторпат “биковите“ од Бундеслигата и еден од најголемите клубови во Германија да атакува за потписот на македонскиот репрезентативец. Да потсетиме дека во изминатиот летен преоден рок се споменуваше и Ливепул, а Лајпицг понуди 30 милиони евра, барем така се шпекулираше во италијански медиуми, но Наполи не прифати ниту една понуда.
Сега останува се види што ќе кажат наполитанците овој нов атак на Лајпциг, посебно ако се знае дека и кај новиот стратег на шампионот Валтер Мацари тешко дека ќе го добие првотимскиот статус.