Она што пред некој ден протече како информација, сега доби и потврда. Баерн Минхен и Томас Милер го продолжија договорот на уште една година односно ќе остане на „Алијанц арената“ до летото 2025 година.
34-годишниот фудбалер има статус на легенда во Баерн затоа што е во баварскиот гигант од 10 години, а играше за сите младински категории пред да дебитира за првиот тим во 2008 година.
До сега Милер има 684 натпревари и 237 гола и 261 асистенција. Тој е на второто место по бројот на учества по Сеп Маер (706). Во Баерн до сега освои 12 шампионски титули, по два пати ги освои ЛШ, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА .