Пепе и неговите глупости: Судија, не беше намерно! (ВИДЕО)

320

Синоќа во големот португалско дерби Спортинг на свој терен во Лисабон успеа да го победи Порто со 2:0. Стрелци на головите беа Ѓокереш и Гонзалвес, но сепак централна фигура беше фамозниот Пепе, кој сега го носи дресот на Порто. Познат по своите глупости и иако веќе има 40 години и натаму е главен провокатор и тепач на теренот.

Прво во 15.минута заработи опомена, за да во 51.минута судијата му додели директен црвен картон откако му удри шлаканица на Матеус Реис.

Се разбира дека потоа искусниот стопер се правдаше дека не било намерно.

Претходно“Кориере дело спорт“: Лајпциг со 25 милиони евра тргнува по Елмас!
СледноСелекторот прв даруваше крв: ФФМ организираше крводарителска акција! (ФОТО)