Реал се „прошета“ во Белград, убедлива победа над Ц. Звезда

243

Кошаркарите на Црвена звезда убедливо загубија на домашен терен во мечот од 15. коло од Евролигата против великанот, Реал (М). Шпанците славеа со 72:58, продолжувајќи ја импресивната серија во Белград.

„Црвено-белите“ добро го започнаа вечерашниот меч, водеа во поголемиот дел од првиот дел, но на крајот беше нерешено. Подоцна Реал ја заврши работата рутински, се искачи на +19 и без проблем стигна до нов триумф.

Хезоња беше најистакнат кај победниците со 17 поени и 10 скока. Кај Звезда по 14 поени на Митровиќ и Теодосиќ. Ханга постигна 10.

ПретходноГотово е: Елиф Елмас со “6-ка” на дресот на Лајпциг
СледноСити без проблеми завери финале на СП за клубови (ВИДЕО)