Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако со 3:0 ја совладаа јапонската Урава Редс Дајмондс.
Сити поведе со автоголот на Хоибратен во 45. минута, а по него, следуваа и погодоците на Матео Ковачиќ во 52. минута и Бернардо Силва во 59. минута.
Триумфот на европскиот шампион речиси и да не беше доведен во прашање од стартот на мечот. Англичаните доминираа и прашање на време беше кога ќе го решат дуелот.
Во големото финале, Сити ќе се сретне со бразилски Флуминенсе. Мечот е закажан за в петок.