Во пресрет на зимскиот преоден рок во ПМФЛ, во кој некои клубови најавуваат екстра засилувања и големи инвестиции, убаво е да се види во моментов според Трансфермаркт, кој го има најскапиот тим. Поточно во моментов кој од клубовите според играчкиот кадар колку чини.
Се разбира дека и натаму лидер на оваа табела е Шкендија, но сензационално е тоа што Гостивар е втор и веројатно многу брзо ќе ги надмине и тетовци.
Од друга страна, секако очекувано, Вардар со своите проблеми, е убедливо најефтиниот тим во ПМФЛ.
Сепак еве како изгледа табелата, секако со севкупната цена на играчите во тимовите:
ТАБЕЛА СПОРЕД ТРАНСФЕРМАРКТ:
Шкендија 5,48 милиони евра
Гостивар 4,29
Шкупи 4,20
Струга ТЛ 3,77
Брера 3,77
Работнички 3,75
Силекс 3,72
Брегалница 3,41
Македонија ЃП 3,28
Тиквеш 3,25
Воска 3,16
Вардар 2,27
ВКУПНО: 44,32 милиони евра