Фудбалерите на Наполи трета година по ред се елиминирани во осминафиналето на Купот на Италија. Вечерва на нивниот стадион „Диего Армандо Марадона“, наполитанците загубија од Фросиноне со резултат 0:4.
По првите 45 минути немаше голови и немаше многу шанси, но во вториот дел следеше вистинска катастрофа за наполитанците, откако во игра влегоа – Осимен, Кварацхелија, Лоботка, Ди Лоренцо… Во 65. минута Баренчеа ја искористи асистенцијата на Гаритано за 0:1, а веќе во 70. минута по катастрофалната реакција на одбраната на Наполи, Кано зголеми на 0:2.
Додека Наполи тргна на се или ништо во финишот, одбраната беше целосно разбиена. Во 91. минута Чедира погоди од пенал за 0:3, а Харуи во последните моменти од средбата ги постави конечните 0:4.