АБА 2: МЗТ Скопје ја “скрши“ Подгорица!

177

Во меч од 6.коло во АБА 2 во Широки, МЗТ Скопје во интересен, поточно драматичен финиш успеа да ја победи Подгорица со 78:74. Ова е четврта победа сезонава во шестиот настап. Заслужена победа на “металците“ против незгодниот тим од Црна Гора.

Инаку мечот нешто подобро го отвори составот од Црна Гора. Па така првата четвртина ја доби со 21:18.

Но македонскиот шампион и тоа како врати во вториот период од мечот. Уште на стартот МЗТ Скопје оствари серија од 5:0 и го презеце водството, а Подгорица успеа да воспстави резлтатска рамнотежа.

Сепак во финишот “металците“ одиграа навистина добро, посебно Војдан и Танасковиќ и направија серија од 10:0 со што на пауза се замина со резултат 39:29 за нашиот претставник во ова натпреварување.

Во второто “полувреме“ тимот од Подгорица се обидуваше нешто да направи, но сепак момците на стратегот Васко Атанасов одиграа добто во одбрана, во нападот знаеја што сакаат и на средината од третата четвртина разликата изнесуваше од +14 за тимот од Аеродром. Играта во транзиција беше силното оружје на МЗТ Скопје. Ова не траеше долго, нашиот тим влезе во серија на грешки, избрзани шутеви во нападот и противникот успеа да намали на 52:47. Па поради тоа Атанасов брзо побара тајмаут.

На крајот од овој период од играта МЗТ Скопје заврши со +6 поточно со 57:51 благодарение на тројката на Расел, инаку ќе беше критично. Се виде дека Подгорица се разигра.

Во последната четвртина се играше квалитетно од двете страни, Војдан кај “металците“ ги диктираше настаните на теренот со поени и асистенции, но Подгорица знаеше како да врати преку Милер, па така на средината од овој период разликата за МЗТ Скопје изнесуваше шест поени или 66:60, но како што одминуваше времето Подгорица се повеќе се приближуваше.

И тогаш Војдан на 1.16 до крајот погоди тројка за 73:68, но противникот врати со два поени.

На крајот мала драма и победа на МЗТ Скопје со 78:74.

Претходно“Врие“ во Дортмунд: Капитенот го предводи бунтот против тренерот Един Терзиќ!
СледноУжас: Лавеци е избоден со нож, а потоа префрлен во болница!