Глупост на Окобо по која Монако го загуби дуелот со Панатинаикос

200

Панатинаикос славеше победа со 70-69 со тројка на Григонис со звукот на сирената, а на акцијата претходеше глупав потег на Ели Окобо. Францускиот кошаркар на 2,5 секунди до крајот погоди за плус два за својот тим и имаше дополнително слободно фрлање. Окобо се обиде да го промаши и да го потроши времето, но се посрамоти кога фрли во таблата и не го погоди обрачот, а потоа гостите ја фатија топката и побараа тајм-аут.
Па последната акција Григонис ја претвори во победа. Погоди тројка и грчката екипа победи со еден поен разлика.

ПретходноМиовски го постигна 13-тиот гол за Абердин сезонава (видео)
СледноБаерн славеше во Волфсбург, неверојатен гол на Хари Кејн