Заверка на Благоја Милевски и плата од 10.000 евра!

7688

Во текот на денешниот ден ФФМ и официјално ќе ја потвтрди новата соработка со селекторот Благоја Милевски откако на состанокот на УО на ФФМ треба да биде изгласан новиот договор.

Според веќе договореното Благоја Милевски и во наредните две години ќе остане на клупата на Македонија за месечен личен доход од 10.000 евра. Ако во јуни и јули неговата позиција како селектор беше разнишана и во тие денови се бараше нова алтрнатива сега повеќе од јасно е дека Милевски едногласно ќе биде заверен со нов мандат.

Состанокот на УО е закажан за денеска во Кичево во попладневните часови и тоа ќе биде последен ваков состанок на ова тело на ФФМ за оваа 2023 година. Во текот на денот ќе бидат јасни и останатите одлуки а ќе се очекува да има и расправа за судењето и хаосот во судиската организација.

ПретходноЛазаров денеска прозива за ЕП 2024, ракометарите во Скопје ќе се задржат само еден ден
СледноСтудентите имаат можност да станат стипендисти: Фондацијата едуката ќе стипендира уште десет десет студенти