Партизан славеше во „вечното дерби“ и e eсенски шампион

389

Фудбалерите на Партизан ја совладаа Црвена Звезда во 171. „вечно“ дерби во рамките на одложеното деветто коло на Суперлигата поради трагичните случувања на Косово во септември. „Црно-белите“ на домашен терен победија со 2:1 и се искачи на првото место на табелата со бод повеќе во однос на големиот ривал и е есенски шампион.

Резултатот го отвори Бербас Натхо од пенал во 41 минута. Родиќ стартуваше врз Стојковиќ во казнениот простор, а судијата покажа пенал.

Во 66 минута Партизан ја удвои предноста. Захид го проигра Салдања кој со прецизен удар го совлада голманот на Звезда. Звезда го намали резултатот пет минути подоцна, а по продорот на Букари и негово додавање, Ндиаје ја погоди мрежата.

Осум минути подоцна Звезда можеше да изедначи, но голманот на Партизан со парада го спречи тој обид.

FOTO>https://partizan.rs/

ПретходноХаланд спортска личност на годината, пред Ѓоковиќ и Ферстапен
СледноШкупи се раздели со спортскиот директор