Ако Благоја Милевски може мирно да спие како селектор на сениорскиот национален тим тоа не може да важи и за останатите селектори кои работат со селекциите на ФФМ.
Исклучок е Тони Јакимовски кој си ја заслужи довербата на терен и со резултати затоа што само неговите момци до 19 години имаат позитива и успех во оваа 2023 година со пласманот во елитната рунда.
На „тапет“ пред членовите на УО на ФМ денеска на спостанокот во Кичево ќе бидат препостанатите селектори. Најголемото разочарување секако дека е младата селекција и работата на искуснио Драган Канатларовски. По одличниот старт оваа генерација нанижа многуи порази по кои веќе не сме конкурентни во квалификациската група ниту за третото место. Начинот на функционирање, резултатите ни и игрите загрижуваат кај оваа селекција па така Каланатларовски може и да ја загуби довербата од ФФМ која му ги има овозможени сите услови за тработа, но и рекордна плата за селектор на оваа селекција.
На „тапет“ се и селекториоте на сите млади селекции а посебно на репрезентадијата до 17 години каде селектор е Дехари.
И Кирил Изов е пред смена со оглед на катастрофалните резултати кои со години ги има како селектор на женската репрезентација. ФФМ во 2024 година треба и мора да влезе со нови кадри на неколку репрезентаивни селекции.