Морант се врати после долгата суспензија и растури, Лилард испиша историја (ВИДЕО)

176

Најдобриот играч на НБА, Мемфис Гризлис Џа Морант се врати откако ја одлежа суспензијата од 25 натпревари и веднаш се истакна. Морант постигна 34 поени во победата на Гризлис од 115:113 против Њу Орлеанс Пеликанс. Најважните два поени ги постигна со звукот на сирената, кога погоди за победа на Мемфис.

„Работев напорно за ова, човеку. Немам одиграно натпревар осум месеци. Имав доволно време. Поминав низ многу тешки денови. Кошарката е моја љубов, ја сакам и има терапевтски ефект врз мене. Возбуден сум што се враќам“, изјави Морант по натпреварот.

Морант (24) ги испушти првите 25 натпревари од суспензијата, која ја заработи во јуни, откако беше фатен како држи пиштол во видеата објавени на социјалните мрежи. Тој претходно беше суспендиран на осум натпревари минатата сезона поради истата причина.

Кошаркарите на Милвоки славеа против Сан Антонио со 132-119, во центарот на вниманието беше Демијан Лилард кој стана осмиот активен играч кој постигнал 20.000 поени во НБА лигата.

Лилард мечот го заврши со 40 поени, четири асистенци, три скока и три украдени топки, и стигна до бројката од 20.034 поени. Со ова остварување тој е 51-виот играч во историјата на лигата.

Активни играчи кои постигнале најмалку 20.000 поени се Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Стефан Кари, Демар ДеРозан и Крис Пол.

Резултати: Њу Орлеанс – Мемфис 113-115, Милвоки – Сан Антон(Вио 132-199, Голден стејт – Бостон 132-126 (прод.), Портланд – Феникс 109-104.

ПретходноИбрахимовиќ не смее да влезе во соблекувалната на Милан
СледноЛазаров денеска прозива за ЕП 2024, ракометарите во Скопје ќе се задржат само еден ден