Екипата на Фенербахче славеше нова победа во Евролигата на домашен терен, а овојпат падна Жалгирис 80-78. Тимот предводен од новиот стратег Јасикевичиус дојде до победата во последната секунда благодарение на луд кош на Тајлер Дорси.
Бекот погоди во последните моменти кога успеа да погоди од зад таблата, за плус два и делириум во салата.
Дорси беше и најефикасен кај Фенербахче со 19 поени.
Заврши и мечот во Монте Карло, а Монако е поразен од Панатинаикос со 90-91.
.@TDORSEY_1 with one of the craziest shots you’re going to see 👀 🤯 pic.twitter.com/TKPcBGqI77
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 20, 2023