Баерн славеше во Волфсбург, неверојатен гол на Хари Кејн

1195

Актуелниот првак Баерн Минхен славеше победа со 2:1 на гостувањето кај Волфсбург во 16.коло на Бундес лигата. Сите три гола паднаа во првото полувреме. Отвори младиот Мусиала во 33 минута, а десет минути подоцна Хари Кејн зголеми на два разлика со маестрален шут од далечина.
Во последните секунди од првото полувреме намали Арнолд.
Баерн го впиша 12-тиот триумф, но се уште е втор на табелата.
Лидерот Баер Леверкузен со 4:0 го совлада Бохум. Патрик Шик постигна три гола во првото полувреме, а во второто погоди Бонифасе.
Штутгарт продолжува со добрите партии. Вечерва го совлада Аугзбург со 3:0. Еден од најбараните напаѓачи во Европа, Гираси постигна еден гол, а стрелаа уште Ундав и Фурих.
На другите мечеви Хајденхајм-Фрајбург 3:2, Ајнтрахт Ф. – Менхенгладбах 2:1, Унион Берлин – Келн 2:0.
FOTO> Twitter/FCBayern

ПретходноГлупост на Окобо по која Монако го загуби дуелот со Панатинаикос
СледноМаестрален настап на Миовски – два гола за пресврт и победа на Абердин (видео)