Нови проблеми за Барселона, но барем стигна до победа. Со тешки маки ја совлада последнопласираната екипа на Алмерија со 3:2. „Каталонците“ дојдоа до победа во 33 минута кога одбиената топка Рафиња ја смести во мрежата. На одмор се отиде со резултат 1:1 бидејќи Лео Баптистао погоди, а судијата прегледуваше ВАР снимка за евентуален офсајд но го призна голот.
На стартот на второто полувреме голманот на Алмерија му одбрани одлична шанса на Феран Торес, но во 60 минута Барселона доаѓа до предност. За оваа реакција на судијата веќе се зборува во медиумите затоа што е досуден корнер иако последен со топката играл играчот на Барселона. По корнерот Серхи Роберто погодува.
This is how Barcelona won against the last placed team in La Liga…pic.twitter.com/ggo6vpMAQ6
— Mikael (@MikaelMadridsta) December 20, 2023
Во 71 минута Ињаки Пена требаше да одбрани но му засмета Араухо, а ситуацијата ја користи Гонзалез и изедначува.
Барселона притисна во финишот, голманот на Алмерија имаше доста работа, но сепак ја вадеше топката од својата мрежа во 83 минута. Серхи Роберто одново погоди за 3:2.
Алмерија можеше до ново реми во 87 минута, но голманот Пена го одбрани ударот на Идрису Баба Мохамед.