Горазд Михајлов се наоѓа пред промоција на клупата на Вардар и тоа треба да се случи до крајот на оваа недела. „СпортСпорт“ дознава дека „вардаровото дете“ е прв пик на управaта на „црвено-црните“ кои веќе имале контакт со шефот кој зад себе има успешна полусезона како тренер на Силекс, но поради одредени „турбуленции“ тој реши да замине од Кратово.
Како што дознаваме, Михајлов ќе му каже „ДА“ на клубот во кој има настапувано во својата играчка кариера. Тој во моментов е иделно решешние со оглед на тоа дека со успех изминативе одини работеше во екипите на Борец и Силекс.
За да биде најавата уште појака доаѓа и веста дека Александар Васоски има неуспепшни преговори со екипа од Втората лига на Кина, па сега тој е прва алтернатива за тренер на Силекс од Кратово. И тој веќе зборувал со Силекс, се договарал и прифатил да замина од најтрофејниот клуб во Македонија за да работи во исто така клуб со шампионска историја.
И двата клуба се чека официјално да ја потврдат соработката со новите тренери. Шеф на струката бара и Шкендија, но таму е посебна приказна и ситуацијата е напната со тоа што бараат критериуми, а немаат кандидати според истите.