Новак Ѓоковиќ често е на мета на бројни навивачи во светот. Српскиот тенисер постојано се судри со публиката на турнирите и слободно може да се каже дека не е миленик на многумина.
Многу фанови навиваат против светскиот рекет број еден. Работите одат дотаму што некои дури и го мразат, а свое мислење на оваа тема даде и поранешниот француски тенисер Жо-Вилфред Цонга.
Тој смета дека Ноле ја изгубил наклонетоста на публиката кога во еден момент решил да стане Федерер или Надал и да се скрие од својот идентитет со кој дошол во светот на тенисот.
“Зошто некои луѓе го мразат Ѓоковиќ? Мое мислење е дека тоа е затоа што во еден период тој не беше самиот, туку се обидуваше да биде Роџер Федерер или Рафа Надал. Можеби требаше да биде тоа што е од самиот почеток”, смета Цонга и продолжува.
„Денес тој е самиот, целосно искрен и затоа многумина го ценат. Тој веќе не прави работи за да биде повеќе ценет, туку затоа што навистина сака. Ова му дава многу. За момент сакаше да излезе од тој имиџ на воин. Во детството доживеа тешки работи. Мораше да биде воин од самиот почеток, ако го направеше тоа, денес ќе беше повеќе ценет и сакан. Во него ќе гледаа како на гладијатор“, рече Цонга.