Ибрахимовиќ не смее да влезе во соблекувалната на Милан

2790

Златан Ибрахимовиќ се врати во Милан. Имаше најави дека ќе биде помошен тренер или спортски директор, но тој ќе биде советник на Стефано Пиоли. Шведскиот напаѓач сепак и покрај оваа улога нема да може да биде со тимот во соблекувалната на Милан за време на официјалните натпревари.

Според „Ла Република“, на Ибрахимовиќ му е забрането да влегува во соблекувалната на Милан, па ќе мора да остане на трибините. Правилата на италијанската фудбалска федерација се ригорозни по ова прашање, па само одредени личности можат да влезат во соблекувална.

Ибрахимовиќ мора да стане дел од организацискиот одбор на Милан за да може да биде со поранешните соиграчи во соблекувалната.

Тој за овој клуб одигра 163 натпревари и постигна 93 погодоци.

ПретходноЧелзи по пенали до полуфинале во Лига Купот на Англија
СледноМорант се врати после долгата суспензија и растури, Лилард испиша историја (ВИДЕО)