Лаутаро промаши пенал, Интер испадна од Купот по продолженијата

423

Екипата на Интер е елиминирана од Купот на Италија по поразот од Болоња вечерва на „Меаца“ со 1:2. Мечот се реши по продолженијата, а гостите славеа благодарение на два брзи гола во финишот на второто продолжение.
Во 65 минута Лаутаро Мартинез промаши пенал. Во регуларните 90 минути мрежите мируваа, па се прејде кон продолженија.
Во 92 минута Карлос Аугусто носи предност за Интер. Но во 112. и 116.минута со головите на Беукема и Ндоје победата ја однесе Болоња. Ндоје го постигна првиот гол за Болоња.

Во четвртфиналето Болоња ќе игра со Фиорентина.

ПретходноПелистер со пораз ја заврши годината во АБА 2
СледноЛиверпул го растури Вест Хем и ќе игра со Фулам во полуфиналето на Лига купот