Ливерпул го растури Вест Хем и ќе игра со Фулам во полуфиналето на Лига купот

365

Ливерпул е полуфиналист на англискиот Лига куп по триумфот над Вест Хем на својот „Енфилд“ со резултат од 5:1. Во првото полувреме падна еден гол, а го постигна Собослаи за предност на „Црвените“.
Во 56 минута зголеми Кертис Џонс, потоа стрелаше Коди Гакпо, во меѓувреме намали Боувен додека во финишот Мохамед Салах и повторно Џонс ги поставија конечните 5:1.
Инаку во полуфиналето на Лига купот претходно се пласираа Челзи (триумф над Њукасл), Фулам (триумф над Евертон) и Мидлсбро (триумф над Порт Вејл).
Во полуфиналето Ливерпул ќе се сретне со Фулам, додека во другото полуфинале ќе играат Мидлсбро и Челзи.

ПретходноЛаутаро промаши пенал, Интер испадна од Купот по продолженијата
СледноЧави со критика: Ова е неприфатливо!