Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе ги договорил условите за трансфер во РБ Лајпциг. Вчера од наши извори стигна и информација дека се е готово.
Елмас во новиот клуб ќе игра во дресот со бр. 6 и ќе направи рекорден трансфер за еден наш фудбалер. Висината на трансферот ќе биде 25 милиони евра, сума која веќе е ставена на маса и која Наполи ќе ја прифати за Елмас во јануари.
Во меѓувреме, Наполи синоќа доживеа срамен пораз од Фросиноне од 0-4 во Купот на Италија, а Валтер Мацари пред новинарите говореше и за трансферот на македонскиот репрезентативец.
„Ќе бидам реален. Ако некој сака да си замине од клубот по освоено Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа. Останатото е во рацете на клубот, и од таму ќе добиете објаснување за се што ќе се случува во иднина“ – изјави Мацари.