Студентите имаат можност да станат стипендисти: Фондацијата едуката ќе стипендира уште десет десет студенти

57

Фондацијата за образовна и хуманитарна општествена дејност ЕДУКАТА на Видеолотарија Касинос Австрија, ќе стипендира уште десет редовни студенти, запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од првиот циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.

Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, придонесува младите луѓе да добијат еднакви можности за стекнување знаење и вештини, со што ќе се овозможи во иднина тие да бидат носители на развојот на општеството. Преку фондацијата Едуката, обезбедени се  нови стипендии за уште десет редовни студенти.

Новите стипендисти ќе бидат студенти  запишани првпат на студиската 2023/2024 година на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети во Скопје, Република Северна Македонија.

Десетте стипендии на фондацијата Едуката  се однесуваат на следните категории студии:

  • две стипендии за студентите на студиите на ФЕИТ
  • две стипендии за студентите на студиите на Економски факултет, и тоа за насоките:

– сметководство и

– ревизија

  • две  стипендии за студентите на студиите од Медицински факултет и
  • четири стипендии  за студентите на Филозофски факултет и тоа:

– две стипендии за насока социјална работа и социјална политика

– две стипендии за насока социјална едукација и рехабилитација

И во овој случај, фондацијата Едуката на студентите кои ќе ги исполнат бараните критериуми на конкурсот за стипендирање, ќе им обезбеди поддршка за целокупниот факултетски развој, сè до нивното завршување. Секој избран студент ќе добие стипендија во нето месечен износ од 18 000 денари за десет месеци во текот на студиската година.

Конкурсот ќе биде отворен до 31.12.2023 година. Сите информации и потребни документи согласно критериумите на конкурсот се достапни на официјалната страна на фондацијата Едуката: educata.mk.

Фондацијата Едуката и сега, како и во претходните конкурси, го става фокусот на надарените лица-ученици и студенти кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, кои имаат амбиција за стекнување вештини и знаење, а немаат финансиски можности.

ПретходноЗаверка на Благоја Милевски и плата од 10.000 евра!
СледноМацари за Елмас: Ако сака некој да си замине – го охрабрувам да го стори тоа!