Тен Хаг го донесе летоска, а веќе во јануари ќе си оди?

2535

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Серхио Регилон би можел да го напушти клубот по само шест месеци.

Според информациите на Островот, Шпанецот е голема желба на Борусија Дортмунд, која би ги презела трошоците за позајмица од Јунајтед до крајот на сезоната.

Регилон пристигна во Тотенхем во летото 2020 година од Реал Мадрид за цели 30 милиони евра, па отиде на позајмица во Атлетико Мадрид, кој исто така не го купи.

Летово Јунајтед наиде на проблеми поради повредите на Лук Шо и Тајлер Маласија, па Тен Хаг во паника го донесе Регилон на позајмица до крајот на сезоната.

Сепак и покрај повредите одигра само 10 натпревари во тимот, седум во Премиер лигата и на теренот мина само 648 минути.

Затоа, не е неочекувано дека повторно би можел да ја промени средината.

ПретходноПод скенер работата на Драган Канатларовски, но и на Кирил Изов!
СледноЈетон Беќири пред промоција во Шкендија!