Некогашниот ас на Наполи и ПСЖ, како некогашен репрезентативец на Аргентина, Езекијел Лавеци е итно префрлен во болница. Оваа страшна вест доаѓа од Уругвај каде Лавеци е избоден со нож.
Ова се случило по една семејна расправија, а се здобил со повреда во стомакот и во пределот на ребрата. Поради тежината на повредите тој бил пренесен во болница.
Засега нема подетални информации во врска со овој немил настан.