Фенербахче славеше победа со луд кош на Дорси

209

Екипата на Фенербахче славеше нова победа во Евролигата на домашен терен, а овојпат падна Жалгирис 80-78. Тимот предводен од новиот стратег Јасикевичиус дојде до победата во последната секунда благодарение на луд кош на Тајлер Дорси.
Бекот погоди во последните моменти кога успеа да погоди од зад таблата, за плус два и делириум во салата.
Дорси беше и најефикасен кај Фенербахче со 19 поени.

Заврши и мечот во Монте Карло, а Монако е поразен од Панатинаикос со 90-91.

ПретходноЦрвена Звезда му врачи отказ на тренерот, познат е неговиот наследник
СледноБарселона со тешки маки го совлада последниот на табелата