Веќе единаесетта сезона по ред фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија делеа пакетчиња во пресрет на новогодишните празници. Тие се дружеа со децата од Дневниот центар за посебни потреби во Тетово.
Шкендија продолжува да ја негува традицијата и да помага на ранливите категории на луѓе вклучувајќи ги и дечињата и да споделуваат позитивни вибрации.