Халанд спортска личност на годината, пред Ѓоковиќ и Ферстапен

136

Норвешкиот фудбалер и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е спортист за 2023 година, пред Новак Ѓоковиќ и Макс Ферстапен во изборот на угледниот британски медиум Би-би-си.

Во конкуренцијата биле и американската гимнастичарка Симона Бејлс, шпанската фудбалерка Ајтана Бонмати и капитенот на јужноамериканската селекција во рагби Сија Коласи.

Халанд беше најдобар стрелец, со Сити ја освои тројната круна, а ја продолжи доминацијата на фудбалери во изборот на Би-би-си затоа што минатата година наградата му припадна на Лионел Меси.

ПретходноБадијала заканите: Рускиот фудбалски сојуз нема да ја напушти УЕФА!
СледноПартизан славеше во „вечното дерби“ и e eсенски шампион