Црвена Звезда му врачи отказ на тренерот, познат е неговиот наследник

1683

Црвена Звезда доживеа пораз од големиот ривал Партизан (2:1) и падна на второто место на табелата. Веднаш по мечот отказ добил тренерот Барак Бахар, а на неговото место седнува Владан Милојевиќ, пренесуваат српските медиуми.
Милојевиќ добива задача да ја стабилизира најскапата екипа на Звезда во историјата која под раководство на Бахар со месеци „луташе“ во ЛШ и првенството. Израелецот испадна од групите на ЛШ, а во Суперлигата доживеа три порази.
А Милојевиќ доаѓа од редовите на Апоел Лимасол во која работеше до пред 15-тина дена.

ПретходноШкупи се раздели со спортскиот директор
СледноФенербахче славеше победа со луд кош на Дорси