Јетон Беќири пред промоција во Шкендија!

1968

Откако Шкендија се раздели со Ардијан Нухиу минатата недела, топ – тема меѓу фановите на тетовскиот клуб е кој ќе биде новиот тренер кој во пролетниот дел со оваа екипа ќе има за задача да атакува на титулата.

Раководството на Шкендија по обичај во изминатите неколку денови имаше разговори и преговори со неколку тренери, имаше разни шпекулации околу тоа кој би можел да седне на “жешката“ клупа на “црвено – црните“.

Сепак дознаваме дека големи шанси да го презеде тимот има Јетон Беќири, кој моментално работи во С. Арабија, бил тренер на неколку наши екипи а во три наврати бил стратег на тетовци како В.Д., работел како тренер и во Албанија.

Станува збор за релативно млад, но во исто време и квалитетен стратег кој ги знае приликите во Шкендија.

Исто така дознаваме дека со Беќири има разговори, останува истите да се детализираат и да се промовира во шеф на стручниот штаб.

Но, кај Шкендија ништо не е сигиурно, работите се менуваат не од ден во ден, туку од час во час.

ПретходноТен Хаг го донесе летоска, а веќе во јануари ќе си оди?
СледноЗошто многумина не го сакаат Ѓоковиќ? Францускиот тенисер даде одговор!