Бојан Миовски ги постигна двата гола во победата на Абердин над Ливингстон со 2:1 во рамките на шкотската Премиер лига. На Абердин не му одеше во првото полувреме, прими гол и не можеше да се пронајде себе си се до финишот на првиот дел кога Миовски со глава ја затресе мрежата и го изедначи резултатот.
Набргу потоа Миовски постигна уште еден гол кој беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР.
Но Миовски погоди во вториот дел и тој гол се покажа како победнички.
За него тоа е 14-ти гол за Абердин сезонава, а осми во првенството.
А Ливингстон му е омилен противник затоа што има пет гола против него досега.