Утре се решава судбината на Суперлигата. Имено Судот на Европската Унија треба да даде своја оценка, ама според Карл-Хајнц Румениге, иконата на гермаскиот фудбал и долгогодишен член на раководството на Баерн Минхен, тој проект е мртов.
„И ако ЕУ пресуди во корист на Суперлигата тука не менuва ништо. Тој проект е мртов. Сакаа и Баерн да го вклучат во тоа, но не успеаја. Крајната цел беше да и се наштети на Премиерлигата во која сега се `вртат` се повеќе пари. Серија А ќе опстанеше, Бундеслигата ќе беше втора дивизија, тоа беше едноставно идеја на Шпанците. Видете, планот А им беше само алиби, демек да играле најголемите клубови. Реков веќе, крајната цел беше да и се наштети на Премиерлигата и во таа Суперлига да ги вклучат богатите Американци и Арапи. Јас сум мирен, од тоа нема да има ништо“ рече покрај другото Румениге.