Шкупи објави дека ја прекинува соработката со спортскиот директор Дамир Ибриќ по шест месеци во редовите на чаирскиот клуб. Се работи за обостран прекин на договорот, а Шкупи му посака успех во понатамошната кариера.
Инаку Ибриќ, како фудбалер играл за Трабзон, Генчлербирлиги, Коџаели, во романска Конкордија, а по завршување на кариерата работеше како помошен тренер и потоа две години како спортски директор во Малатија од каде што дојде во Шкупи.