На денешен ден пред 40 години, на 21 декември 1983 година во Сплит на “Пољуд“ беше постигнат веројатно најславниот гол во историјата на репрезентацијата на екс – СФРЈ.
Кога Бугарите беа на колена. Тоа беше решавачки меч за пласман на ЕП 1984. На Југославија и требаше победа, на Бугарија исто, а на Велс му требаше реми на мечот меѓу СФРЈ и Бугарија за да тој оди на ЕП во Франција.
И кога е така тогаш нормално е да има драми. Се играа последните минути од средбата на “Пољуд“ кога при резултат 2:2 гостите од Бугарија имаа барем 2-3 зицери, чудо беше како не погодија барем еднаш.
И тогаш стигна казната на другата страна. Радановиќ со шут со глава, по центаршутот на Вујовиќ, донесе победа од 3:2 и пласман на ЕП. Со тој гол просто ја “запали“ од радост цела нација, а Бугарија ја фрли во очај.
Секако дека остана за навек и коментарот на Младен Делиќ: Луѓе дали е ова можно…Радановиќ, Радановиќ…