Европскиот и англиски шампион не сака да чуе за Суперлига

187

Европскиот и англиски шампион Манчестер Сити излезе со соопштение по денешното повторно актуелизирање на можноста за формирање на европска Суперлига.

„Фудбалскиот клуб Манчестер Сити потврди дека официјално влезе во процес за повлекување од групата за развој на планови за европска Суперлига во 2021 година. Нашиот став не е променет. Остануваме посветени на вредностите на европскиот фудбал и ќе продолжиме да соработуваме со други клубови преку Европската клупска асоцијација и да учествуваме во натпреварувањата на УЕФА“, се вели во официјалното соопштение на клубот.

ПретходноНа капитенот на Лутон му е вграден дефибрилатор и е пуштен од болница
СледноБалотели се враќа во Македонија како ново засилување за „лавовите“