Екипата на Ливерпул оствари победа од 5:1 против Вест Хем и со тоа се пласираше во полуфиналето на ЕФЛ купот. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференцијата реши да зборува за навивачите.
„Не сум среќен поради атмосферата зад мене. Бев во чудо и прашав што сакаат. Ако не се расположени, нека го дадат билетот на некој друг “, рече Клоп испраќајќи јасна порака до навивачите.
Оваа порака доаѓа пред гостувањето на Арсенал на „Енфилд“, дуел кој е закажан во сабота. Ливерпул има бод помалку, па со победа може да се врати на врвот на табелата во Премиер-лига.