Македонскиот шампион Струга Трим Лум, следејќи ги најновите случувања во светот на фудбалот излезе со свој став по најавата за реформирање на идејата за создавање на европска Суперлига.
„Напредокот на фудбалот воопшто, а особено успехот и развојот на клубовите од овој спорт зависат главно од соработката со Европската клупска асоцијација и на курс со УЕФА и ФИФА. Во овој контекст, колку и да е мал по важност, ние како клуб не ја поддржуваме одлуката на Европскиот суд на правдата, кој не го зема предвид противењето на лигите кои се под капата на континенталните и светските институции, тоа се УЕФА и ФИФА. Не ја поддржуваме одлуката која отстапува место за лига за која толку се зборува во светот на фудбалот, како „Европска Суперлига“.
Со истиот став денеска излезе и ФК Работнички, кој е член на Европската клупска асоцијација.
„ФК Работнички – Скопје го повторува нашиот став дека идната благосостојба на европскиот фудбал може да се обезбеди само преку ЕКА во силно партнерство и соработка со УЕФА и ФИФА.“