Кошаркарите на Партизан загубија од Реал во Мадрид со 91:75 во последниот денешен меч од 16. коло во Евролигата.
Момците на Жељко Обрадовиќ одиграа катастрофален натпревар и буквално не личеа на тимот кој во претходниот период победи петпати и му дозволи на актуелниот шампион да покаже зошто моментално се најдобриот тим во Евролигата.
Партизан го забележа седмиот пораз сезонава, додека Реал го забележа 15. триумф.
Џанан Муса со 23 поени и четири скока беше најефикасен кај Реал, доеека кај Партизан најефикасен беше Кабокло со 18 поени.