Се огласија Шпанците: Супер-лигата е себична!

193

Европскиот суд пресуди дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот за натпреварување кога ја забранија Супер-лигата пред две години. Тоа не значи дека повторно ќе се формира Суперлига, туку само дека тоа треба да се дозволи во иднина. Одлуката ја коментираше управата на шпанското првенство.

„Денес, повеќе од кога било, да потсетиме дека Суперлигата е себична и елитистичка. Секој формат што не е целосно отворен и не може да се влезе од година во година преку домашните лиги, го сметаме за затворен. Европскиот фудбал веќе проговори. Правото за учество се заслужува на терен“, се наведува во соопштението за печатот на Ла Лига.

Суперлигата е замислена како натпреварување на најсилните фудбалски клубови во Европа. Во моментот на неговото формирање, наводно биле контактирани околу 60 клубови кои би можеле да учествуваат во него. Но, во лигата, барем во првиот ранг, би се натпреварувале дваесетина од нив.

ПретходноЦелосен распад во соблекувалната: Чави го прати на трибини, доби жесток одговор
СледноФИФА ранкинг листа: Македонија ја заврши годината на 65.место!