Како што дознава „СпортСпорт“, амбициозниот Гостивар има намера во претстојниот зимски преоден рок да се засили со Иван Ивановски. Уште повеќе е тоа што гостиварци веќе доставиле и официјална понуда до него, но и до неговиот клуб Тиквеш.
Гостивар има намера на Тиквеш да му плати и отштета за Ивановски, но сепак како што сега стојат работите тешко дека ќе се оствари овој трнсфер зошто искусниот офанзивец е најдобриот фудбалер на тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов и еден од најдобрите во ПМФЛ.Оваа есен Ивановски одигра во врвна форма.
Токму затоа е баран од Гостивар. Сепак за овој трансфер се прашува Тиквеш.
Кога сме кај Гостивар, „СпортСпорт“ веќе информираше дека првото зимско засилување на овиј клуб е Стефан Коцев.