Заврши позајмицата во Брера: Малески се врати во Струга ТЛ!

687

По шест месеци престој во Брера Струмица, Христијан Малески се врати во својата Струга ТЛ. Него истече позајмицата и сега стратегот Шпетим Дуро добива големо засилување во нападот на својот тим кој во пролетниот дел има намера да го задржи лидерското место на табелата и да атакува на својата втора по ред титула во ПМФЛ.

Малески, кој игра и за младата селекција на Македонија до 21.година, минатата сезона беше еден од клучните играчи на Струга ТЛ во освојувањето на титулата.

Со младиот напаѓач Струга ТЛ во пролетниот дел и тоа како ќе има силен напад, во кој се Ибраими, Радески, Малески, Компаоре и Јаровиќ.

ПретходноТиквеш денеска го прославува 93.роденден!
СледноБугарите на колена: На денешен ден пред 40 години се случи – Радановиќ, Радановиќ…(ВИДЕО)