Манчестер Јунајтед не планира да потпише договор со играчот од средниот ред Софијан Амрабат по завршувањето на оваа сезона. Репрезентативецот на Мароко и неговата иднина се предмет на постојани шпекулации по неговото позајмување од Фиорентина, но Англичаните сега јасно ставиле дознаење дека ќе го вратат Амрабат во Италија.
Само позајмицата го чинеше Манчестер Ј. 10 милиони евра, а Фиорентина би можела да добие уште 20 милиони евра доколку се договори за постојан трансфер по оваа сезона. Амрабат досега одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, а само на три од нив одигра 90 минути.