Очекувано: ФФМ го продолжи договорот со Милевски, за останатите селектори ќе решава посебна комисија!

865

Како што и се најауваше и очекуваше, вчера на седницата на УО на Фудбалската федерација на Македонија, беше одлучено да му се продолжи договорот на селекторот Благоја Милевски, на кого истиот му беше истечен пред неколку недели.

Сега се очекува само официјално од ФФМ да објават дека Благоја Милевски и натаму ќе го предводи нашиот најдобар национален тим.

Што се однесува до останатите селектори, Кирил Изов (женската селекција), Драган Канатларовски (У-21), но и за Тони Јакимовски и останатите, ќе решава посебна комисија откако ќе се разгледуваат подетално извештаите од нивната работа.

ПретходноПелистер се поздрави и со Кисум
СледноДиректорот на Супер-лигата со порака: Фудбалот е слободен!