Ракометарите се спакуваа – новата „база“ ќе биде Стара Пазова (ВИДЕО)

350

Македонската ракометна репрезентација го одбработи првиот тренинг во рамките на подготовките за „Операцијата Германија“. Кирил Лазаров и неговите момци вчера тренираа во Автокоманда, а веќе денеска се спакуваа. Стара Пазова ќе биде базата на нашиот најдобар национален тим во следните денови.

Како што изјави предводникот на „црвено-жолтите“ таму ќе работат комбинирано, тактички и физички, а на крајот на првиот дел од подготовките ќе одиграат пријателски меч против Црна Горан на 29 декември.

Лазаров во Стара Пазова на располагање ќе го има комплетниот ростер, таму ќе се приклучат Филип Талески и Никола Митревски.

Македонија на претстојното Европско првенство во Германија ќе има тешка задача бидејќи во група има имиња како Франција, Германија и Швајцарија. Првите две репрезентации имаат тим за медал, а додека Швајцарија има состав со ракометари кои играат во Бундес-лигата и кои се носители на тимовите. Па за младиот состав на Македонија ова ќе биде уште едно тешко големо натпреварување.

Во рамките на подготовките, нашиот национален тим ќе одигра уште две пријателски против Грција во Скопје.

ПретходноЈокиќ го откачи „Најк“ за кинески бренд
СледноУЕФА и ФИФА го загубија спорот, Перез доби „амин“ за Супер-лигата