Реакции по одлуката на Европскиот суд: “Децата не сонуваат ја освојат Суперлигата“ и “Заработи го тоа на терен“!

197

Секако дека денеска топ – тема во светот на фудбалот е одлуката на Европскиот суд во врска со Суперлигата. Доаѓаат разни реакции, секако негативни освен оние кои ги издаваат Реал и Барса.

Се огласи и УЕФА со сопштение во кое се вели дека оваа одлука не значи и одобрување на Суперлигата.

Се огласи и Фудбалскиот сојуз на Германија и истакна дека тие како и германските клубови немаат намера да играат во никакви други натпреварувања освен во оние кои се под УЕФА и ФИФА.

Клубовите во Ла Лига, освен се разбира Реал и Барса се гневни. Играчите на денешните мечеви ќе истрчаат со маички на кои ќе пишува “Заработи го тоа на терен“.

Интересна е реакцијата на Месуд Озил, кој истакна дека децата не сонуваат да ја освојат Суперлигата. Туку дека растат со намера некогаш да го подигнат пехарот во ЛШ или СП.

Владата на В. Британија има намера да воведе регулаторни прописи со кои би се запреле евентуалните намери клубовите од Островот да се вклучат во Суперлигата.

ПретходноРеал и Барса добиваат по милијарда евра: Еве како ќе се игра во Суперлигата, 64 клубови поделени во три ранга! (ВИДЕО)
СледноШкендија го посакува Роналдо!