И дефинитивно сега нема пречка да се основа Суперлигата, односно да започне да се игра. Во тој фудбалски свет на пребогатите клубови планирано е да најдат 64 екипи и тоа поделени во три ранга.
Првата група е наречена “ѕвезди“ и во неа ќе има 16 клубови поделени во две подгрупи со по 8 клубови. Втората група е наречена “злато“ и е поделена исто во две подгрупи со по 8 или вкупно 16 клубови.
Во третата група, која е најслаба, би требало да има 32 клуба поделени во 4 подгрупи со по осум клуба.
Натпреварувањето е поделено во две фази. Се стартува со лигашкото натпреварување во кое секој клуб ќе одигра по 14 средби, седум дома и исто толку на гости.
Најубаво е објаснето во видеото кое може да го проследите подолу.
Инаку според медиумите во Шпанија, како основачи на оваа Суперлига, Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска “инјекција“ од по милијарда евра.
A22 Sports – the company behind a new European Super League – unveil their new format proposal for European club competitions in men's and women's football ⬇️ pic.twitter.com/zzU5gEkp3L
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 21, 2023